МК Сцена
ЛИЛА ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ: Познатата водителка наполни 46 години
Познатата македонска водителка Лила Стојановска вчера го прослави својот 46-ти роденден.
Ѕвездата на телевизија Сител и водителка на најгледаното гејм шоу последниве седум години, од година во година изгледа сѐ помладо и помладо, а енигмата за нејзината убавина се крие во позитивната енергија, добриот дух и негата која си ја пружа постојано.
Според фотографиите кои ги видовме на социјалните мрежи, Стојановска роденденот го прославила со приватна забава за најблиските роднини и пријатели.
Водителката утринава се разбуди со голем број балони и подароци во својот дом.
Од сѐ срце ѝ го честитаме роденденот на Лила и ѝ посакуваме уште многу години среќа, здравје и љубов.