МК Сцена
Лозано со спот за радискиот хит „Жена како ти“
Еден од најдобрите пејачи на македонската поп рок сцена, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска го промовира својот видео запис за песната „Жена како ти“ која е веќе подолго време хит на радио станиците.
Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски кој ја напиша музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша Магдалена Цветкоска Ена.
Видео записот е снимен на повеќе локации, на ранчот на коњичкиот клуб “Дона“ во Радишани и на преубавите предели на Галичник, Маврово и Козјак. Во видео записот се појавуваат четирите прекрасни девојки Сандра Јовановска, Симона Станковска, Моника Саболиќ и актерката Јана Стојановска кои одлично се снајдоа во своите улоги.
За стајлинг за девојките се погрижи Викторија Арсовска. Видео записот е во комплетна реализација на Горила Филмс, во режија на Горан Костадинов. Лозано за прв пат не се појавува во свој видео запис кој е одлична најава за летната турнеа на концерти која следи.