МК Сцена
Лудило на сцена – Салваторе Ганачи заигра на „Охрид колинг“ (ФОТО)
Лудило на сцената на втората фестивалска вечер на „Охрид колинг“ – диџејот кој танцува на бина, Салваторе Ганачи, ја размрда 10.000 публика во Охрид.
Иако диџејот Џекс Џоунс го откажа својот настап, сепак публиката беше и повеќе од изненадена од брзата спектакуларна замена, светски познатиот диџеј Салваторе Ганачи кој е познат по уникатниот начин на кој ја анимира публиката.
Смешните танц движења, извици и анимации беа повеќе од доволни публиката непрестано да танцува повеќе од два часа, колку што траеше и диџеј сетот на овој, по потекло од Босна и Херцеговина, диџеј.
Инаку, пред неговиот настап присутните ги забавуваше американската диџеј легенда Роџер Санчез.