Музика
Мадона: Папата Франциско или ме копира или е вљубен во мене!
Мадона за време на својот концерт изјави дека папата Франциско или ја копира или е потајно вљубен во неа. Тоа го заклучи бидејќи распоредите на нејзините концерти се совпаѓаат со неговиот распоред на турнејата низ САД.
Освен што го обвини папата за копирање, таа изјави и оти смета дека тој потајно ја следи. Потоа скокна на маса и рече: „Може ли папата да го направи ова?“
Таа нагласи дека три пати била исклучена од католичката црква.
Со своите изјави и подбивање со папата ги налути дури и некои од своите фанови кои сметаат дека претерала со изјавите и оти тоа не било потребно. Сепак најголема осуда од црквата доживеа кога го објави спотот за песната „Like A Prayer“.