Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Магија на „Островот на слободата“ – Лана Дел Реј го освои фестивалот „Сигет“ (ФОТО)

МК Сцена

Магија на „Островот на слободата“ – Лана Дел Реј го освои фестивалот „Сигет“ (ФОТО)

Иако организаторите на своите големи екрани најавуваа олујно невреме, вчера во текот на целата главна програма на еден од најголемите музички фестивали Сигет, времето не’ послужи за одлична европска забава на отворено!

Се помина во најдобар ред, иако во текот на целиот ден беше неподнослива летна жега, која не дозволи да се расипе забавата на „Островот на слободата“ со хедлајнерите на вечерта, меѓу кои и кралицата на сите времиња, Лана Дел Реј.

Лана Дел Реј е права дива, некои би рекле и принцеза на поп звукот која понекогаш има и малку чудни барања, па така побара да се испразни цел прес центар за да низ него се качи и се симне од бината, а со тоа и го скрати правото на новинарите да ја фотографираат пред сцената. Но, тоа сега е најмалку важно затоа што таа успеа да го исполни островот со преку 50.000 луѓе кои беа присутни на главната бина.

Хистеријата која настана кога Дел Реј се појави на сцената беше неверојатна. Сигурно половина од публиката врискаше на секој нејзин чекор и отпеан стих, па на моменти се чувствувавме како да присуствуваме на концерт на некоја тин сензација, а не на хедлајнерски настап на еден од најголемите европски фестивали.

По пет-шест песни, Лана направи кратка пауза и се спушти меѓу публиката за да се поздрави со најверните фанови, делеше автограми и се фотографираше со оние кои со часови ја очекуваа крај оградата. По пет минути, таа се врати на сцената и продолжи со спектакуларниот настап.

Се редеа хитовите „Born to Die”, „Blue Jeans”, „Lust for Life”, „Video Games”, „Summertime Sadness” и „National Anthem”… Со својот сексипил и интерпретација таа даде посебна нота на секој отпеан стих и приреди настап кој присутните долго ќе го паметат. Како вистинска поп ѕвезда!

Во продолжение погледете фотографии од нејзиниот настап и дел од атмосферата на фестивалот „Сигет“:

This slideshow requires JavaScript.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.