МК Сцена
МАГИЈА ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Македонските пејачи ја испеаја божиќната „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)
Видео спотот за Божиќната песна „Вечниот Бог“ во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, а во продукција на „Веста“, е веќе готов и пуштен во етер како најубава Божиќна честитка за граѓаните на Република Македонија.
– „Доживејте вистинска Божиќна радост, која ќе Ве натера да извикате ХРИСТОС СЕ РОДИ!“ – велат учесниците во спотот.
А Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ за која и се наменети песната и спотот, ќе се одржи на 06.01.2018 низ улиците на сите градови во Македонија.
Ајде сите да ја научиме Божиќната песна и да им се придружиме на Бадниковите поворки во родниот град или на централната манифестација во Скопје, на кои учество ќе земат околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто – стои во соопштението на Здружението за возобновуање на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, кое е всушност и организатор на сите овие активности поврзани со претстојното прославување на Бадник и Божиќ.