МК Сцена
Магијата на Ѓорѓе Балашевиќ ја наполни „Борис Трајковски“ (ФОТО)
Легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ, вчеравечер одржи концерт во Скопје и го пополни секое слободно столче во салата „Борис Трајковски“.
На бината се појави во свој стил, а за почеток за публиката ја отпеа песната „Бранов бал“ од албумот кој го издаде во 2017 година.
Придружуван од голем оркестар составен од повеќе музичари, рокери и тамбураши, на скопската публика, но и на големиот број фанови од цела Македонија им овозможи три и пол часовно уживање во песните кои ја одбележаа неговата кариера.
– „Не знам дали да ви се обратам со: Драги мои од бивша Југословенска Република Македонија или драги мои од Илинденска Македонија, или во меѓувреме можеби се договориле за некое друго име? Викајте се и Нова Каледонија ако сакате, јас пак сум ваш земјак, вие сте мои земјаци. Добровечер Македонија“, рече Балашевиќ во свој стил на почетокот од убавото дружење.
Три и пол часа регионалната поп-ѕвезда од Нови Сад, Ѓорѓе Балашевиќ, пееше за неговиот и нашиот живот, синоќа, во преполната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.