Музика
МАГИЧНО ШОУ: Кејти Пери ја воодушеви публиката на „Гластонбери“ (ВИДЕО)
Поп ѕвездата Кејти Пери ја освои публиката на фестивалот „Гластонбери“ овој викенд.
Колку за нејзе овој настап беше посебен и магичен покажа на својот Инстаграм профил, каде објави видео на кое се гледа како се „фрла“ во публиката.
– „Седам и уживам во пржените компирчиња, во неверување дека настапив пред 100.000 луѓе на Гластонбери кои доброволно дојдоа за да ме видат. Толку многу се забавував и како што можете да видите дадов се од себе. Едвај чекам повторно да се фрлам вака во публиката за мојата турнеја“ – порача Кејти и се заблагодари на фестивалот.
Инаку Кејти беше облечена во светкав костим на кој беа прикачени разни реквизити за танцување.
Настапот го започна со „Hey Hey Hey“, а потоа се редеа и останатите песни од новиот албум, меѓу кои „Chained To The Rhythm“, „Swish Swish“, но и постарите хитови како „Teenage Dream“, „Firework“, „Dark Horse“ и „Roar“.
Погледнете дел од атмосферата во продолжение:
https://youtu.be/SFDHHu0-EeE
https://youtu.be/XBQelNLj95g