МК Сцена
Македонците „одлепија“ по Ана Николиќ и Раста (ВИДЕО)
Популарната балканска пејачка Ана Николиќ и раперот Раста вчера го „запалија“ Скопје, иако дури на 16-ти февруари имаат концерт во Вип Арената Борис Трајковски.
Српските ѕвезди се дружеа со своите фанови во Скопје сити мол, каде што направија голема гужва. Сите сакаа слика, автограм или ЦД од Ана и Раста и затоа настана големо „стампедо“.
Раста и Ана го изведоа нивниот мега хит „Случајно” во еден глас заедно со сите фанови, како и уште неколку песни од последниот албум на Ана, „Лабилна”.
Ако ја земеме предвид вчерашната атмосфера од дружењето со Ана и Раста, на концертот може да очекуваме прав спектакл, за кој Ана посебно се радува:
– „Се воодушевив кога видов како не пречекаа во Македонија. Почувствував посебна емоција и навистина сум пресреќна. Едвај чекам да дојде денот кога ке запеам пред неколку илјади македонци. Оваа вечер долго ќе ја паметам, а ветувам дека на 16. февруари публиката ќе има ноќ која долго ќе ја памети.” – изјави Ана.