Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Мартија, Антониа и Елена на чекор до победа во „Ѕвездички“

МК Сцена

МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Мартија, Антониа и Елена на чекор до победа во „Ѕвездички“

Трите Македонки го поминаа првото полуфинале од “Ѕвездичките на Пинк” кои маратонски пет часа траеше вчеравечер на каналите на Пинк и Сител.

Мартија, Антониа и Елена продолжуваат и во второто полуфинале следниот петок, благодарение на гласовите на телевоутингот. И покрај тоа што се гласаше од 1 часот по полноќ, сепак трите девојчиња собрале доволно гласови за да се пласираат понатаму.

Прва која настапи беше Стружанката Елена, која беше болна, се извини на публиката, но сепак даде се’ од себе и отпеа феноменално. Таа ја пееше “Euphoria”, шведската победничка песна од пред неколку години.


Онаа која предизвика најголем аплауз и воодушевување кај жири комисијата беше Антониа, пеејќи ја “Listen” од Бијонсе.

– Ти пееш најзрело од сите кандидати овде. Ти си единствена, сериозна пејачка, со изградено ниво и став на пеење. Со тебе нема шега – беше коментарот на стручното жири, со што се согласи публиката и и обезбедија пласман на Антониа во следното полуфинале.

Мартија Станојковиќ, како по обичај, “растури” на сцената на Пинк. Таа ја отпеа “Најлоша” од Наташа Беквалац, но моќниот настап и енергијата која ја пружи беше пресудно за Мартија да биде изгласана од ТВ публиката.

– Ја отпеа “Најлоша”, но ти овде си најдобра – искоментира Милан.

Со неговиот став се согласија сите, велејќи дека и покрај тоа што одбрала просечна песна, таа направила уметничко дело од неа.

https://www.youtube.com/watch?v=2yK639ODViY

На нас останува да гласаме и понатаму и да ги бодриме трите македонски девојчиња на патот до големата победа. Гласањето продолжува, линиите се цело време отворени, бројот за гласање е 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:

GLA C3 –  за Елена Бимбиловска

GLA C13 – за Антониа Гиговска

GLA C16 – за Мартија Станојковиќ

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.