Сцена
Македонската актерка Емине Халил: „Тврдоглава, прибирлива и приврзана за семејството сум исто како Ајшен од Балканска приказна“
Емине Халил, која живее во Скопје потекнува од мешано турско, албанско и босанско семејство. Младата актерка Халил, која професионално се занимава со глума од 2013 година има дипломирано на Драмскиот факултет во Скопје и вели дека ова е нејзино прво искуство во ТВ серии, но зад себе има оставено многу одиграни театарски претстави и филмови.
-Балканска приказна беше голема шанса за мене. Додека тимот на ТВ серијата се подготвуваше за снимањата овде во Скопје, дојдоа на кастинг во Турскиот театар во Скопје, а јас бев една од пријавените актери на таа аудиција. Еден месец подоцна ми јавија дека сум ја добила улогата на Ајшен. Навистина сакав да бидам дел од оваа серија која што се снима во Скопје – вели младата актерка од Македонија Емине Халил, која стана препознатлива не само во Македонија туку и во Турција по ликот на Ајшен од новата турска серија Балканска приказна.
Во турската серија Балканска приказна којашто веќе неколку месеци се снима во Скопје и се прикажува на Турската национална телевизија ТРТ 1, таа ја глуми улогата на младата Ајшен, која ја доживува како мало дете кое не пораснало поради траумите што ги доживеала во минатото.
-Ајшен сака сите во семејството да бидат среќни. Без разлика колку и да е песимистички карактерот, Ајшен се обидува да најде решение на сите проблеми – вели Халил.
Актерката Халил за себе вели дека е личност којашто е приврзана за семејството, понекогаш тврдоглава и знае да биде прибирлива личност, кои ги истакнува како заеднички карактеристики со карактерот на Ајшен.
„Балканска приказна” и карактерите од оваа серија станаа препознатливи во Скопје. Во серијата се прикажуваат делови од животот на две семејства од Скопје, турско и македонско семејства и силната, но во исто време невозможна љубов на Јованка и Ертан како главни протагонисти во серијата. Продуценти на серијата се Јалчин Ари и Угур Узунк, режисери се Сердар Акар и Селахатин Санџакли, а како главни сценаристи се потпишуваат Угур Узунок, Абдулхамид Ишик, Есма Коч, Идрис Мејди, Алев Узма и Озан Ајаз. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.