Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонската Ева Мендез, Мартина Михајловска, е новото лице на „Бекстејџ“

Сцена

Македонската Ева Мендез, Мартина Михајловска, е новото лице на „Бекстејџ“

Тимот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ е освежен со ново име и лик. На позицијата водителка, на Миа Костова ќе и се придружи Мартина Михајловска.

Убавата црнокоса е активна како модел во модната агенција „Црнокрак“ последниве година и половина, а во кругот на пријателите и соработниците во модните кругови е позната и како македонската Ева Мендез.

Со ваквиот чекор, тимот на Бекстејџ останува верен да идејата – убави жени да ги возат гледачите низ светот на забавните информации.

„Задоволство е да се вклучиш во тим каде владеат жените, посебно затоа што важат за исклучително лојални соработници. Со оглед на тоа што Бекстејџ е успешна приказна веќе седум години, сигурна сум дека стапнувам на проверен и искусен терен“. – изјави Мартина Михајловска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.