МК Сцена
Македонската филхармонија одбележа 73 години од постоењето (ФОТО)
Со концертот „Среќен ти роденден“ Македонската филхармонија во петокот прослави 73. години од постоењето.
Со овации беа поздравени солистот на виолина Љубиша Кировски, маестро Борјан Цанев и оркестарот на Македонската филхармонија, за изведбата на делата на П. Шахов, К. Голдмарк и Џ. Гершвин.
Пред почетокот на официјалната програма, во фоајето на новиот дом на Филхармонија се одржа пригоден говор на директорот Виктор Илиески, музикологот Марко Коловски и Бранка Костиќ, претседател на УО на МФ, кои се навратија на историјатот на оваа институција.
Роденденскиот концерт беше одбележан и со стартот на соработката помеѓу Македонската филхармонија и „Туркиш еарлајнс“ кои преку лотарија доделија два повратни авионски билети до Истанбул. Среќните добитници беа господинот Миле Барбаровски од Македонската филхармонија и господинот Александар Тасевски меѓу гостите во публиката.