МК Сцена
Македонскиот диџеј Деан Мицкоски оствари соработка со познатиот продуцент Роланд Кларк
Нашиот диџеј и продуцент Деан Мицкоски кој живее и работи во Њуjорк има нова соработка и тоа ни повеќе ни помалку со легендарниот Роланд Кларк кој назад во неговата кариера има соработувано со Кејти Пери, Фетбој Слим, Боб Синклар, Роџер Санчез и многу други.
Темата, насловена „Redlight”, е официјално потпишана за издавачката куќа „Саблиминал рекординг“ која е во сопственост на живата диџејска легенда Ерик Морило.
Талентираниот македонски диџеј веќе има настапувано низ најдобрите клубови ширум Америка и Европа што кажува доста за неговата успешна кариера.
Во иднина Деан најавува соработки со светски познати диџеи и пејачи за кои ние со нетрпение очекуваме да ги слушнеме.