Сцена
Макрон кртитикуван поради контроверзна фотографија
Францускиот претседател Емануел Макрон беше критикуван во јавноста поради фотографија снимена за време на посетата на француските Кариби.
На фотографијата Макрон со широка насмевка на лицето позира меѓу двајца млади мажи, од кои еден е без кошула и со спуштени панталони и покажува среден прст, а другиот е поранешен затвореник.
Францускиот претседател изјави дека поранешениот затвореник го запознал при обиколката на активностите поврзани со санацијата од минатогодишните штети од ураганот Ирма.
– Ги сакам сите деца на Франција, без разлика на нивните грешки, наведе Макрон.
Фотографијата на социјалните медиуми ја објави едно од момчињата.