Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Манчевски: За да снимаш филм треба да имаш срце

МК Сцена

Манчевски: За да снимаш филм треба да имаш срце

Нашиот најпрославен режисер Милчо Манчевски вчера одржа два мастер-класи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Во првиот мастер-клас, насловен „Уметноста и вештината на режирањето на кадарот“, Манчевски анализираше неколку начини како режисерот да се постави и да се насочи кон основната филмска единица – кадарот. Во рамките на овој двочасовен мастер-клас, тој се користеше со дваесетина сцени од култни филмови и од своите филмови за да ја илустрира дискусијата.

Во вториот  мастер-клас Манчевски работеше го демонстрираше неговиот пристап на работа со актери преку сцена од холивудски филмска класика.  Минатата ноќ се случи и промоцијата на монографијата за Манчевски, чиј уредник е Марина Костова. Освен Костова, на промоцијата беше присутна и главната авторка на биографијата д-р Ирис Кронауер од Германија. Модератор беше Игор Војновски.

Во првиот мастер-клас Манчевски рече дека би сакал да ги охрабри сите да поставуваат прашања за се што е поврзано со филмот, со темата, со кадрите или за се што е поврзано со правење на филм.

-Овој мастер-клас е за студентите од филмските академии, но исто така и за љубителите на филмот и филмските професионалци кои сакаат да се потсетат на основите на филмот – рече тој.

На студентите и другите присутни им беа прикажани сцени од различни култни филмови. Првиот кадар беше од филмот „Добри момци“ на Мартин Скорсезе. Станува збор за легендарната сцена од кујната во ноќниот клуб снимена само во еден кадар. Преку дијалог со публиката Манчевски ја расветли причината зад снимањето на тој кадар.

mac1

Манчевски ги советуваше студентите секогаш да ја знаат причината зошто прават нешто на начинот на којшто го прават тоа и дека погрешно е ако прават нешто затоа што им се може.

-Може да станува збор за интуитивност, но мора да постои искреност. За да снимате филм треба да имате срце – рече тој.

Уредничката на монографијата за Манчевски, Марина Костова, истакна дека на книгата посветиле две години обемна работа и ова е всушност продожение на претходната книга што излегла пред 10 години во соработка со колегата Благоја Куновски. Книгата има 650 страници, и е своевидно сеопфатно резиме на сред кариера на уметникот. 

-Книгата содржи десет есеи за разновидни аспекти на неговото творештво од светски реномирани филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметност; содржи и голема збирка продукциски белешки, сториборди, писма, рецензии и интервјуа, како и теориски размислувања и проза на самиот Манчевски и досега необјавени фотографии со што се заокружува увидот на овој филмски автор којшто многумина во светот го сметаат за еден од најоригиналните и најиновативни современи уметници – рече Костова.

Историчарката и филмски работник Кронауер објасни дека таа е една од многуте луѓе кои се уште го паметат првиот пат кога го гледале „Пред дождот“.

-Тоа Беше во Берлин во 1995 година, а јас бев навистина импресионирана од филмот. Истражував на интернет и најдов контакт од режисерот, му пишав и тој ми одговори. Низ годините останавме во контакт и дваесет години подоцна сум тука, на промоцијата на оваа монографија – додаде Кронауер.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.