Сцена
Марија Шерифовиќ одржа спектакуларен концерт во Скопје: „Ме оставивте без текст“
Српската музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ вчеравечер одржа голем концерт во Скопје во рамките на нејзината турнеја „Dolazi ljubav“, а арената „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место.
Марија Шерифовиќ заедно со нејзиниот бенд направи вистински спектакл. На самиот почеток на концертот таа доби на подарок ајвар кој веднаш го проба на сцената, а на крај испеа и песна од Тоше.
Евровизиската „Молитва“ ја остави на публиката која од прв до последен стих ја испеа песната сама, а Марија само уживаше и диригираше.
Македонската публика во еден глас ги пееше најголемите хитови на Марија и секоја нејзина изведба беше поздравена со громогласен аплауз и овации, а таа ѝ се поклони на публиката и порача: „Ме оставивте без текст“.
Марија за време на концертот не ги криеше своите емоции, а и после концертот на Инстаграм сподели дека сеуште е во шок од тоа што го доживеала во Скопје.
– Ова што го доживеав вечерва во Скопје, Македонија не може да се опише со зборови, изјави Марија.