Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Марија Шерифовиќ пред концертот во Скопје: „Доаѓам да им ги излечам срцата на моите македонски обожаватели“

Сцена

Марија Шерифовиќ пред концертот во Скопје: „Доаѓам да им ги излечам срцата на моите македонски обожаватели“

Српската музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ ќе одржи голем концерт во Скопје во арената „Борис Трајковски“ на 2 ноември, во рамки на нејзината концертна турнеја „Долази љубав“.

„Поминаа шест години од мојот последен концерт во Скопје, во салата ‘Борис Трајковски’. Јас се сеќавам на тој концерт од 2018 година, мене толку не ми се пееше таа ноќ, толку бев нервозна. Едноставно, таков ми беше денот. Ако ме прашате: ‘Што може да очекува публиката во Скопје?’, навистина не знам што да ви одговорам. Како да знам? Многу фактори влијаат на тоа“, изјави Марија пред македонските новинари.

Марија се присети на нејзиниот концерт на истото место пред шест години и откри што може да очекуваат нејзините македонски обожаватели од престојниот концерт во Скопје.

„Јас доаѓам во Скопје со мојот бенд, како и со целата продукциска екипа, за да им ги поправам душите, да им го излечам срцето и да им подарам најдобар концерт на оние кои ќе дојдат во салата Борис Трајковски“, додаде таа.

Евровизиската победничка рече дека сè уште не е познато дали некој од нејзините колеги ќе настапи со неа на сцената во „Борис Трајковски“.

„Сите мои колеги, кои јас би ги поканила, се работливи луѓе. Не сакам да поканам кого било. Сè уште работиме на тоа да договориме некој гостин, па ќе видиме“, одговори таа.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.