Сцена
Марк Цукенберг и неговата сопруга Присила Чан очекуваат бебе
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, соопшти дека тој и неговата сопруга Присила Чан очекуваат девојченце.
На семејната фотографијаи со која ја соопштија радосната вест, двојката, исто така, ги сподели и проблемите со кои се соочувале додека се обидувале да го основаат семејството.
„Сакаме со Вас да го споделиме нашето искуство“, напиша Марк. „Веќе неколку години се обидувавме да добиеме бебе и во тој период имавме три спонтани абортуси“.
-Ова ќе биде ново поглавје во нашите животи. До сега бевме благословени да влијаеме врз животите на другите луѓе. Сила како доктор и воспитувач, а јас низ социјалната заедница и филантропија. Сега ќе се фокусираме светот да го направиме подобро место за нашето дете и следната генерација, кажа Марк.
Цукерберг одлучил деталите од својот приватен живот и проблемите на спонтаните абортуси да го сподели за да помогне да се развие разбирањето, толеранцијата и надежта меѓу луѓето во текот на тешките периоди.
„Кога ќе дознаете дека ќе добиете дете, полни сте со надеж. Веднаш почнувате да замислувате какво детето ќе биде и во каква личност ќе израсне. Почнувате да правите планови кои во моментот се уриваат. Тогаш се чуствувате осамено бидејќи повеќето луѓе не сакаат да разговараат за спонтаните абортуси и за своите проблеми. Тогаш се борите сами со сбе.“
Цукерберг додаде дека почнал да зборува со своите пријатели и сфатил дека проблемите кои се однесуваат на бременоста се се само не премногу вообичаени.
„Се надеваме дека споделувањето на нашето искуство на луѓето ќе им ја даде онаа надеж која и ние ја почуствуваме и дека ќе бидат послободни да ги споделуваат своите проблеми со други за да им биде полесно.“
Марк и Присила се венчаа во 2012 година на свеченост која се одржа во дворот од нивната куќа во Пало Алто во Калифорнија, пред околу 100 гости.