МК Сцена
МАРКЕТИНГ ТРИК: Сека Алексиќ сепак ќе настапува во „Дежаву“ овој петок
Јавноста беше успешно измамена затоа што настапот на Сека Алексиќ закажан за овој петок во популарното скопско кафуле „Дежаву“, после сѐ, сепак ќе се одржи.
Целата ситуација започна со скандалозната објава на Алексиќ на нејзиниот фејсбук профил дека настапот во Скопје се откажува поради несериозниот пристап на менаџментот од „Дежаву“.
– „Поради големиот интерес за овој настан менаџментот на Дежаву во договор со тимот на Сека Алексиќ реши да се пошегува со фановите, но сепак овој петок ќе имаме уште една незаборавна забава со познатата балканска пејачка во нашето кафуле“ – вели Зоран Василевски, пиар на кафулето „Дежаву“.
Вашето присуство на оваа забава можете да го резервирате на телефоните 076-304-009 и 078-242-536.