МК Сцена
МАРТИЈА ДО ПОБЕДА: Гласајте за Македонката да победи во „Ѕвездичките на Пинк“
Антониа Гиговска од Скопје заврши седма во суперфиналето на шоуто “Ѕвездичките на Пинк”. За девојчето со ангелски глас ова е само почеток на нејзината блескава кариера, која веќе почна цврсто да ја гради. Но, Мартија е се уште во шоуто и таа е онаа која ќе продолжи во наредниот час и половина да ги брани боите на Македонија се’ до големата победа.
По “Radioactive”, Мартија Станојковиќ се претстави со уште една енергична песна во суперфиналето на Пинковите ѕвезидчки. Таа го отпеа ланскиот летен хит “Roma Bangkok”. Покрај многутте песни отпеани на англиски и српски јазик, таа во суперфиналето изненади со динамична интерпретација на песна на италијански јазик. Македонската и балакнската публика и дадоа шанса на Мартија да продолжи да се бори.
– Mартија, ти си генијалец Ти толку добро владееш со сцената. Браво – беше коментарот на Сале Тропико, по нејзиниот настап. За Јелена Томашевиќ ова беше уште една совршена изведба, пеење со леснотија, непосредно и едноставно.
Martija Stanojković – Roma Bangkok by PinkoveZvezde
Па почитувани читатели, благодарение на вашите гласови, Мартија стигна дотука, и благодарение токму на вашите гласови, таа мора да стигне до целта – победа во талент шоуто.
Пружете поддршка за македонската најголема и најчиста надеж – Мартија Станојковиќ. Линиите за гласање се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за неа на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ