МК Сцена
МАРТИЈА ВЕЛИЧЕНСТВЕНА НА СЦЕНАТА: Двете Македонки влегоа во суперфиналето на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
Најголемиот фаворит за победа на “Пинковите ѕвездички” и наша најголема гордост, Мартија Станојковиќ е онаа која во недела во големото суперфинале ќе ги брани боите на Македонија. Мартија, заедно со Антонија се дел од десетте суперфиналисти кои вечерва успеаа да се пласираат во последната борба во недела во 21 часот.
Таа ја отпеа “Bound to you”, балада од Кристина Агилера која на сцената изгледаше магично и моќно.
– Ти нас не хипнотизираше, имаш сериозна моќ – искоментира Милан Станковиќ по нејзиниот настап. На неговиот коментар се согласија Јелена и Хари, за кои ова беше спектакуларно и нереално совршено.
– Вака изгледа некој што е најдобар, а не е претенциозен – и’ посочи Хари, а Гоца додаде “Како и да заврши овој натпревар, ти си мојата победничка.”
Martija Stanojković – Bound To You by PinkoveZvezde
Па почитувани читатели, влагодарение на вашите гласови, двете Македонки стигнаа дотука, и благодарение токму на вашите гласови, тие мора да стигнат до целта. Линиите се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за нив на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C13 – за Антониа Гиговска
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ