Музика
Мартин Гарикс му се придружува на Дејвид Гета за историско финале на Егзит!
Во чест на освојувањето на актуелната титула за Најдобар европски фестивал, ЕГЗИТ оваа година за публиката приредува големо финале и журка која ќе ги надмине сите досегашни!
Настапите на завршната ноќ на ЕГЗИТ фестивал во недела 15-ти јули ги потврдија некои од најмоќните изведувачи на планетата како што се најголемиот светски хитмејкер Дејвид Гета (David Guetta) на главната бина и водечката техно ѕвезда Нина Кравиц (Nina Kraviz) на Денс Арена! Сепак, ваквата журка не може да помине без официјално првопласираниот диџеј во светот, Мартин Гарикс (Martin Garrix), кој реши по настапот на церемонијата за затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, да ја збогати и журката за затворањето на најдобриот европски фестивал и на Петроварадинската тврдина да го донесе своето спектакуларно шоу!
Така на главната бина на Егзит ќе настапат двете најпопуларни светски диџеи ѕвезди што годинава ќе биде единствен случај во целиот свет, и тоа додека низ планетата ширум одекнуваат нивните два заеднички хит синглови, „Like I Do“ и големата химна „So Far Away“, а светските медиуми пишуваат дека се подготвува и трета соработка, чија премиера можеби ќе биде токму на Егзит.
Мартин Гарикс пристигнува на ЕГЗИТ во врвот од кариерата, откако благодарение на гласовите на милионите фанови влезе во историјата на електронската музика како најмладиот добитник на признанието за најдобар светски диџеј, и тоа втора година по ред, пред имиња како што се Калвин Харис, Тиесто, Армин Ван Бурен, Хардвел, Димитри Вегас & Лајк Мајк и други мегаѕвезди.
Со неполни 22 години тој постигна повеќе од што некои музичари постигнуваат за време на целата своја кариера, а за разлика од големиот број млади ѕвезди кои доживуваат метеорски успех и подеднакво брзо „согоруваат“, Мартин Гарикс продолжува експертно да го диктира својот пат низ лавиринтот на музичката индустрија, објавувајќи нумери кои колективно на „ЈуТјуб“ платформата имаат преку четири милијарди прегледувања! Неговото влијание го препозна и бизнис „библијата“, магазинот „Форбс“, кој го смести на листата на највлијателни личности под 30 години, додека природно се најде и меѓу најплатените диџеи на планетата!
Гарикс експлодира на музичката сцена во 2013-та година со гигантскиот денс хит „Animals“ кој ги освои светските топ листи и брои повеќе од неверојатни милијарда прегледувања на „ЈуТјуб“ каналот! Следуваа резидент настапите на Ибица и во Лас Вегас, но и соработките со мегаѕвездите како што се Тиесто, Авичи, Ашер.
Тој беше повикан да настапи и на една од најпознатите американски talk-show емисии „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ – чест која не се укажува често на уметниците од неговата професија, а Гарикс уште еднаш ги докажа своите таленти кога на сцената се појави со гитара! Еден од „хајлајт“ моментите во претходната година за Гарикс секако беше хитот со Дуа Липа „Scared To Be Lonely“, кој има речиси 350 милиони „ЈуТјуб“ прегледувања!