Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МАРТИН ГАРИКС НА „СКОПЈЕ КОЛИНГ“: Билетите во продажба, настанот официјално најавен

МК Сцена

МАРТИН ГАРИКС НА „СКОПЈЕ КОЛИНГ“: Билетите во продажба, настанот официјално најавен

Настапот на MARTIN GARRIX во Скопје, на претстојниот спектакл SKOPJE CALLING 2017 е веќе најавен на неговата официјална веб страница http://www.martingarrix.com/.

Ова ќе биде прв настап на MARTIN GARRIX во Скопје и прв во регионот откако е прогласен за World no.1 DJ.

Иако има само 20 години, MARTIN GARRIX во моментов не само што е No.1 World DJ и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella. Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

За неговата огромна популарност говори и фактот што интересот за неговиот настап во Скопје е исклучително голем не само во Македонија, туку и во земјите од Југоисточна Европа.

Билетите ќе бидат по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

ВИП- 1500 денари

УЛТРА ВИП- 2000 денари

ВИП И УЛТРА ВИП влезниците ќе се продаваат исклучиво преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела), и на следниве email адреси:[email protected] и [email protected]

Билетите за настапот на MARTIN GARRIX во Скопје, од денес се веќе во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се во Македонија, како и преку глобалната мрежа Евентим во регионот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.