МК Сцена
МАРТИН ГАРИКС: „Скопје, одлични бевте – се гледаме повторно!“
По спектакуларниот настап на „Скопје колинг“, хедлајнерот на овогодинешното издание на фестивалот, Мартин Гарикс, изјави дека е воодушевен од македонската публика.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Скопје повика, Мартин одговори – Фотогалерија од „Скопје колинг“
– „Леле, Скопје, вчеравечер беше толку многу забавно! Првпат сум тука и беше навистина лудо! Сега сум подготвен за да се видиме повторно“ – напиша на својот инстаграм профил, споделувајќи фотографија од атмосферата на стадионот на АРМ.
Тој во текот на вечерта објави и повеќе фотографии на својот инстаграм „стори“, а на сличен начин и се збогува со фановите, снимајќи го изгрејсонцето од авион, над Скопје.
Во продолжение погледнете како изгледаше изведбата на неговиот најголем хит „Animals“ вчеравечер на „Скопје колинг“: