МК Сцена
Мартинијан Кириловски успешно го помина вториот круг во „Ѕвездите на Гранд“
Мартинијан Кириловски во вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“ уште еднаш покажа како се пее.
Својот настап го започна со пијано верзија на хитот „Не даш ми мира“ од Жељко Јоксимовиќ, а потоа продолжи на македонски со „Во коси да ти спијам“ на нашиот легендарен пејач Тоше Проески.
Публиката му довикуваше дека е фантастичен, а жирито му даде зелено светло за да продолжи во третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
– Ниедна забелешка немам ниту за првата, ниту за втората песна. Отпеа перфектно, беше коментарот на Аца Лукас за неговиот настап.
Во продолжение погледнете ја 22-рата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапот на маестралниот Мартинијан Кириловски е на 28-мата минута.
https://youtu.be/e2LJYeBzulY?t=28m1s