Музика
МАСИМО САВИЌ: „Секогаш уживам кога настапувам во Скопје“ (ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ)
Оваа година на фестивалот Егзит имавме можност да интервјуираме познати диџеи, домашни артисти, но и ѕвезди од регионот, како хрватскиот пејач Масимо Савиќ кој оваа година по трет пат настапуваше на најголемиот европски музички фестивал.
Тој во ексклузивното интервју за Популарно.мк изјави дека за него секогаш претставувало посебна чест да настапува на Егзит, но и дека тоа претставувало одлична можност за промоција на регионалната и домашната публика пред странскиот аудиториум.
– „Многу други фестивали го преземаа системот, како тоа се работи, па сега се прават големи фестивали наоколу, но Егзит дефинитивно се уште го има својот шарм! И да, добро е да се приближува живата музика на публиката, да видат дека тоа е цел процес.“ – вели Савиќ.
Го потсетивме и на целосно распродадените три концерти во Скопје, на што тој ни одговори:
– „Да, прекрасно беше три дена во Скопје во зградата на Опера и балет. Навистина беше убаво, јас инаку се плашам од тие концерти кога се по ред, еден по друг, поради гласот и така натаму, но од вечер до вечер пеев се подобро и подобро!“ – вели хрватскиот пејач.
Целосното интервју погледнете го во продолжение: