Музика
Масив Атак со порака до Србите и Хрватите
Познатата британска група Масив Атак го отвори петтиот фестивал во Арена во Пула и на необичен начин испрати порака до публиката присутна на концертот, но и во регионот.
Како што пренесува „Глас Истре“, на видео-бимот зад бендот можеа да се видат прекрасни пораки преведени од англиски јазик, а освен прашањето „Која е смислата на животот?“, имаше една која го предизвика вниманието на публиката. На големиот екран се појави порака: Хрватска и Србија се сијамски близнаци кои не се поднесуваат.
Фотографијата брзо се прошири по социјалните мрежи, а беше само една од упатените политички пораки, кои се однесуваа на потребата од заедништво и солидарност со мигрантите и жртвите на војните.