МК Сцена
Мастер класата на Џон Сил е историски настан за „Браќа Манаки“
Реакциите од денешниот мастер клас на лауреатот на Златна Камера 300, Џон Сил се повеќе од позитивни.
Сите што денеска беа во публиката за да го слушнат Џон Сил, се воодушевени и тоа не само студентите и младите филмаџии, туку и искусните кинематографери кои го напуштија собранието на ИМАГО, само за два часа да го слушаат великанот на светската кинематографија, Џон Сил.
– „Ова со сигурност е најдобриот мастер клас во историјата на постоењето на фестивалот „Браќа Манаки“, ова е голем историски момент за нашиот фестивал. Снимката од предавањето на Сил веќе ни е побарана од Меѓународната федерација на кинематографери , ИМАГО“ – рече Благоја Куновски – Доре, директор на фестивалот Браќа Манаки.
Мастер класата на Џон Сил траеше два часа жво преполната сала на Центарот за култура во Битола. Меѓу посетителите беа голем број светски кинематографери, оскаровецот Алан Старски, како и голем број млади филмаџии од Македонија и од странство.