Сцена
Мет Гала 2022: Најголемите светски ѕвезди се собраа во Метрополитен музејот облечени во необични модни комбинации
Синоќа, музејот на уметност Метрополитен во Њујорк беше домаќин на еден од најважните модни и славни настани во годината – Мет Гала.
Имено, Met Gala или Met Ball е настан кој собира средства за Метрополитен музејот на уметност во Њујорк. Темата се избира секоја година, а од гостите се очекува да изберат соодветна свечена облека. И оваа година многу познати дами носеа креации од светски познати дизајнери.
Темата на овогодинешната Мет Гала е „In America: An Anthology of Fashion“ („Во Америка: Антологија на модата“), со кодекс на облекување што го нагласува позлатениот гламур и белата вратоврска. Канализирајќи го временскиот период помеѓу 1870 и 1890 година, познатите личности требаше да црпат инспирација од раскошот и гламурот од периодот на „позлатената ера на Њујорк“.
Порано беше објавено дека овогодинешни домаќини ќе бидат Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс, Реџина Кинг и Лин-Мануел Миранда како официјални копретседавачи на вечерта, додека дизајнерот Том Форд, Адам Мосери кој е главен човек на Инстаграм и Ана Винтур од Вог ќе продолжат како почесни копретседавачи. Ана Винтур ја води Мет Гала од 1995 година, обликувајќи ја во многу саканата годишна прослава на модата што ја знаеме денес.
Блејк Лајвли и оваа година ги воодушеви сите со својот изглед и веќе се најде на врвот на листите за најдобро облечени оваа година. Таа носеше креација на Версаче која била инспирирана од Статуата на слободата во Њујорк. Кога помина половина од познатите скали на музејот таа го промени изгледот, односно нејзиниот фустан доби друга боја. Трансформацијата на фустанот, пак, е инспирирана од оксидацијата на Статуата на слободата.
За прв пат оваа година сите сестри од семејството Кардашијан-Џенер како и нивната мајка, се појавија на Мет Гала. Тие секоја година оставаат голем впечаток на настанот, но и оваа година Ким Кардашијан го украде шоуто.
Поп-ѕвездата Ријана е некој без кого не може да се замисли настанот, но иако оваа година таа го пропушти поради тоа што е во поодмината бременост, таа сепак беше во центарот на случувањата. Всушност Музејот на уметност Метрополитен и оддаде посебна почит на Ријана и доби мермерна статуа направена во нејзина чест.
Во продолжение погледнете како изгледаа некои од ѕвездите поканети на настанот.
https://www.instagram.com/p/CdE_CCHMhK9/