Мет Гала: Познатите личности се прошетаа по црвениот тепих во необични модни комбинации
Мет Галата има долга историја на необични и добро запаметени модни комбинации кои секоја година одново ја шокираат јавноста.
Во понеделникот во Њујорк е одржан еден од најважните настани во годината во светот на модата, Мет Гала. Иако традиционално се одржува првиот понеделник во месецот мај, овогодинешната го имаше првото есенско издание поради пандемијата.
Како и обично свеченоста се оддржа во музејот „Метрополитан“, а гостите не можеа да влезат ако не се вакцинирани.
Ко-домаќини на Мет Гала 2021 се младите ѕвезди во подем: поп-ѕвездата Били Ајлиш, актерот Тимоти Шаламе, тенисерката Наоми Осака и поетесата Аманда Горман.
Оваа година познатите личности требаше да одберат изглед на тема „Во Америка: Лексикон на модата“.
Голем број на познати личности од шоу-бизнисот, спортот и модата продефилираа по црвениот тепих, во продолжение можете да ги видите нивните модни изданија.
Како и секоја година најголемо внимание привлекоа сестрите од семејството Кардашијан-Џенер, Ријана, Џенифер Лопез и многу други.