Музика
Мила Кунис и Ештон Кучер „уловени“ како се забавуваат на „Д Чеинсмоукерс“ на Сигет (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)
Ексклузивни папарацо фотографии од Будимпешта!
Двојката Мила Кунис и Ештон Кучер кои веќе неколку месеци живеат во Будимпешта поради снимањето на новиот филм во кој глуми Кунис, овој викенд беа забележани на европскиот музички фестивал „Сигет“ и беа уловени од објективот на Популарно.мк.
Тие беа прво забележани во петокот на настапот на американскиот рапер Виз Калифа, но ги почестија присутните со своето присуство и вчера, на настапот на мегапопуларното диџеј дуо „Д Чеинсмоукерс“.
Интересно е тоа што тие беа на истата ВИП платформа како и останатите ВИП посетители на фестивалот, вклучувајќи ја и екипата на Популарно.мк која имаше можност да ја гледа познатата двојка како ужива во настапот.
Во продолжение погледнете ЕКСКЛУЗИВНО папараци видео: