МК Сцена
Милица Тодоровиќ бара дополнително обезбедување за во Скопје
Има само уште неколку дена до спектакуларниот концерт (сабота) на српските ѕвезди Милица Тодоровиќ и Адил Максутовиќ во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
По неколкуте хитови на Милица, нејзината слава дратистично скокна и моментално е една од најбараните пејачки на просторите на поранешна Југославија. Токму и поради тоа нејзините побарувања и желби се поголеми.
Имено, пејачката од организаторот на концертот побарала дополнително обезбедување поради нејзина безбедност.
Дека е навистина така ни потврдија и организаторите, но сепак истакнаа дека на секој изведувач му следува лично обезбедување за време на одржување на концертот.
Инаку влезниците за овој концерт се уште може да ги купите преку продажните места на „купикартазасе“, како и во Розе Веро 2 и Југотон.