Сцена
Мистериозен фустан со скриена порака носеше Кејти Пери на „Мет Гала“ (ФОТО)
Дали пејачката со креацијата ни го откри името на албумот?
Кејти Пери стана позната по екстравагантните модни комбинации на црвениот тепих, а фустанот со кој прошета на овогодинешната „Мет Гала“ не беше исклучок.
Пејачката се појави во раскошен црвен фустан креиран од Џон Галиано.
Фустанот кој Кејти го носеше беше полн со детали, а посебно внимание привлече делот на нејзината глава.
На велот кој го носеше Пери беше испишан зборот „Witness“, а фановите веднаш тоа го поврзаа со најавениот нов албум на пејачката.
https://twitter.com/KatyPerrysPizza/status/859180419341836289
Денеска и Твитер се појавија бројни објави со кои се коментира дека новиот албум на Кејти Пери ќе го носи името „Witness“.
https://twitter.com/FOTPKatyPerry/status/859177758366105600