Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

40. Браќа Манаки ќе се отвори со „Болка и слава“ на Педри Алмодовар

МК Сцена

40. Браќа Манаки ќе се отвори со „Болка и слава“ на Педри Алмодовар

40. Браќа Манаки ќе се отвори со „Болка и слава“ на Педри Алмодовар

Јубилејното  40 – то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на 14 септември ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“, соопшти Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот, на денешната прес конференција. Во Битола ќе пристигне и кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е лауреат на Златна камера 300 на 34. издание на фестивалот во 2013 година.

„Заедно со Благоја Куновски – Доре последните години настојуваме повеќе да ја вклучиме Битола во она што значи наш и ваш фестивал тој е заеднички проект кој го прославува филмот и кој ни ги носи најинтересните и најкротките луѓе од филмската индустрија. Годинава, покрај големиот број кинематографери кои ќе бидат гости на фестивалот ни доаѓа шпанскиот киематографер, кој е наш лауреат и прв соработнки на Алмодовар, тоа е Хозе Луис Алкаине кој доаѓа заради филмот на отворањето, кој многу тешко го добивме и чест ми е што ова јубилејно 40 – то издание на Фестивалот „Браќа Манаки го отвораме со ремек делото на Педро Алмодовар, „Болка и слава“. А по официјлната проекција, обезбедивме уште една проекција на филмот, што не беше лесно, но секоја година се обидуваме граѓаните од Битола да имаат свое место зашто ова е наш заеднички фестивал. Поголем дел од екипата се од Битола на кои јас искрено им благодарам за нивната снаодливост и професионализам. Им благодарам и на нашите партнери: агенцијата Меккен, Електрани, Тиквеш, Пелистерка, Божиновски, Вертиго, Филеви, Неком и Неотоел, Халк банка и Комерцијална банка. Ви носиме многу филмски изненадувања и доживувања, мешу ои е и филмот за затворање на фестивалот, тоа е „Манаки во слики“, новиот филм на Роберт Јанкулоски. Се одлучиве јубилејното издание да го затвориме со оние на кои им го посветуваме овој фестивал, пионерите кои со своите камери се втрурнале во животот и како што кажале: „Едно кадро за мене, едно за историјата“ и навистина така излезе“, рече Теодосиевска

По повод отворањето на Фестивалот со шпанскиот филм на Алмодовар се обрати и амбасадорот на Кралоството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, кој истакна дека дека е среќен што е во Битола, градот на конзулите и на браќата Манаки. 

„Навистина ми е драго што Фестивалот одлучи да ја проследи траекторијата на 40 – годишната работа на Алмодовар и на неговиот соработник и пријател Хозе Луис Алкаине да ја спои со својот јубилеј и го избраа нивниот филм за отворањето. Како амбасадор на Кралстовто Шпанија се гордеам со Алмодовар и сум благодарен што ја слави неговата работа затоа што самиот тој се наметна како можеби најрепрезентативен режисер за Шпанија зашто најдобро го отслика тоа што се случуваше во последните 40 години откако станавме демократска држава. Алмодовар одеше во чекор со демократските промени, но и го критикуваше општеството со доза на сцојот специфичен хумор. Неговите филмови навистина се рефлексија на модерна Шпанија“, рече амбасадорот Сера. Тој додаде дека примерот на Шпанија , која не е идеална држава е пример за демократски промени кон кои се стреи Република Северна Македонија која ја чека влезот во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. „Само со конструктивна критика се оди напред и затоа уметниците и режисерите како Алмодовар се толку важни за општеството“, рече тој.

Уште еден специјален гостин покрај познатиот режисер Фатих Акин, е и светски познатиот ирски драматург, режисер, сценарист и продуцент Џим Шеридан, кој на Фестивалот доаѓа како претставник на Европската филмска кадемија (ЕФА). Тој има шест номинации за Оскар и е автор на антологиски филмови во светската кинематографија  како „Моето лево стопало“ (1989), „Во името на таткото“ (1994), „Боксер“ и други. . 

„Големото име како Џим Шеридан покажува каков е односот на ЕФА кон нашиот фестивал кога како свој делегат за 40 –тото издание го испраќаат големиот автор  како што е Шеридан “, рече Благој Куновски – Доре

Уметничкиот директор и селектор на Главната програма,  Куновски ја претстави годинашната селекција на филмови во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300.

„Времињата во кои светот ја препознава својата цивилизациска реалност, за жал, се оловно тешки од многу аспекти кои ја отсликуваат декаденцијата на човештвото. На тоа вистинските автори неможат да останат слепи и да ја кријат вистината под тепих.

Во селекцијата Камера 300 природно морав да вклучам што повеќе филмови со таква, би рекол, експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. И како врв на задоволството за квалитетната селекција во Компетицијата Камера 300- е ремек делото, според мене моралниот победник во Кан- „Болка и слава“, рече Куновски. 

Тој додаде дека поголем дел од кинематограферите на филмовите во Главната програма ќе бидат гости на фестивалот во Битола. 

Исто така тој ги соопшти и имињата на годинашното меѓународно жири во чиј состав се Едвард Лакман (САД), претседател и Ненад Дукиќ (Србија), Доминик Велински (Франција), Калојан Божилов (Бугарија) и Фејми Даут (Р. С. Македонија).

Од името на Општина Битола, Евгенија Бекташ Јосифовска, советник за култура истакна дека во пресрет на почетокот на „Браќа Манаки“, Општината е во постојана комуникација со релевантните чинители за успешноста на фестивалот, како јавните претпријатија, хотелите, Центарот за култура, МВР – сите оние што учествуваат во организацијата на фестивалот. 

„Се надевам дека и оваа година, гостите на фестивалот, како филмските работници така и другите гости дека ќе бидат задоволни од нашиот град, ќе понесат позитвини искуства и дека повторно ќе се вратат. Битола е многу горда на постоењето на фестивал од ваков калибар, со 40 годишно постоење и кој и кој ќе постои и во иднина со поитивно искуство“, рече Јосифовска. 

Директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска Илијевски рече дека приказната за Битола и за Центарот за култура не би била комплетна без фестивалот „Браќа Манаки“. 

„Се радувам што веќе технчки и екипирани и подготвени за да широко ги отвориме вратите за 40-тото издание на Фестивалот. Ние како Центар за култура оваа година прославуваме 39 години постоење и ќе славиме уште многу заеднички години. Киното во Центарот за култура е второ по број на посетители во државата, така што како домаќин на фестивалот ги поканувам Битолчани да го оправдаат реномето на филмски град. 

Бистра Георгиева, раководителка на Програмата Креативна Европа Медиа, и’ честиташе на екипата на Фестивалот и рече дека е голем успех на Фестивалот што оваа европска програма го препозна тоа и стана партнер на фестивалот што е голем успех. Таа информираше дека На 40-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“, МЕДИА Деск МК во соработка со МЕДИА Дескот од Хрватска и Хамбург на 19.септември  ќе организираат „Филмски разговори“ на тема: Успех: отскок или стапица?!

„Учесници на разговорот ќе бидат Рајнер Клаусман швајцарски кинематографер, најпознат по неговата тандемска соработка со германскиот режисер Фатих Акин. Елеонора Венинова, македонска сценаристка и режисерка, чии последен краток филм „Знакот“ имаше премиера на програмата „Кензен“ на Канскиот филмски фестивал во 2019 година. Германскиот режисер Макс Цале кој со својот краток филм „Ражу“ во 2012 беше номиниран за Оскар и хрватската режисерка и монтажерка Дубравка Туриќ чии филм „Беладона“ го доби Златниот Лав, за најдобар краток филм на 72-иот Филмски фестивал во Венеција во 2015 година“, рече Георгиева. 

Анита Стојчевска информираше за Работилницата за пишување на сценарио е организирана како дел од активностите во рамки на едногодишното партнерство воспоставено помеѓу  Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Европската програма за развој на долгометражни филмови со ограничен буџет „Less is More“ за 2019 година.

„Навистина ни е драго што ќе бидеме домаќини на експертите од програмата LIM и се надеваме дека  оваа програма ќе им биде од корист на нашите млади, филмски автори како и ќе ги стимулира да создаваат нови, квалитетни идеи кои имаат потенцијал да се развијат во филмски проекти. Како мала земја која располага со лимитиран буџет за филм, ваквото знаење е од исклучителна важност – како да се создаде еден проект од самиот почеток, како да се размислува креативно без притоа да се потрошат високи износи на средства – според мене, штом се стекнете со ова знаење секогаш ќе бидете еден чекор понапред во вашите вештини за создавање на филм“, рече Стојчевска .

Ана Василева претстави еден нов аспект на Фестивалот: „Инспирирани од долгогодишната соработка на европските филмски фестивали со тамошните локални и регионални средни и основни училишта, а истовремено и водени од желбата филмската писменост да ја пренесеме на помладите генерации, со поддршка на програмата „Медиа“ на Креативна Европа, оваа година тимот на „Браќа Манаки“ потпиша меморандуми за соработка со сите средни училишта од градот Битола, како и неколку од регионот. Младинките и младинците од овие средни училишта ќе имаат можност бесплатно да ги посетуваат фестивалските проекции, особено оние филмови на актуелни теми кои им се блиски, и да разговараат и споделат мислења и впечатоци со некои од најдокажаните и етаблирани филмски професионалци: кинематографери, режисери и продуценти од Европа. Истовремено, со цел да сме повидливи и попривлечни за некои од редовните посетители низ годините, оваа година остваривме соработка и со неколку синдикални здруженија на од општина Битола кои ќе ги дистрибуираат влезниците за проекциите на „Браќа Манаки“ преку своите мрежи. “, рече Василева.

Покрај другите филмски програми и годинава ќе се одржи Детската програма со партнерство со „Бимилк“, кој за децата ќе организира креативна работилница.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.