МК Сцена
57 деца на сцената: Балетскиот спектакл „Петар Пан“ ги воодушеви најмалите во НОБ (ФОТО)
Детскиот балетски спектакл „Петар Пан“ во петокот ја претстави својата премиера пред домашната публика во Националната опера и балет, а поради големиот интерес, вчера, на Денот на шегата, беа одиграни уште две претстави.
Спектаклот, во кој учествуваа 57 деца од балетското студио „Арт балет“, ја преставува приказната на Петар Пан, капетанот Кука, Ѕвончица, Венди и останатите ликови од оваа детска приказна на драматургот Џ. М. Бери.
Магичноста на претставата ја креираше тимот составен од Ристо Самарџиев, Ирена Лозинска, Тамара Ѓурчиновска, Елена Вангеловска, Љупчо Јованов и Владимир Дојчиновски – Дојчин. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд.