МК Сцена
А, што ако „Црниот петок“ трае три дена?
Додека во САД со страсно нетрпение се очекува овој петок, во Македонија се почесто и помасовно е прифатен истиот, секако без оние негативни карактеристики за кои слушаме од другата страна на светот.
Во Македонија „Црниот петок“ е ден за шопинг, забава, дружење со најблиските, но и концепт, благодарение на кој, сите можат да ги купат подароците за претстојните новогодишни и божиќни празници по прифатливи цени.
Една од спецификите во овогодинешната реализација на „Црниот петок“ е токму податокот што во „Капитол мол“ овој концепт за прв пат ќе се реализира во текот на целиот викенд.
Релаксираното уживањето во попустите и шопингот ќе започне на 25-ти со шопинг сет на ДЈ Боби (Сити Радио) и ќе трае до 27-ми ноември. Работното време на „Капитол мол“ започнува од 08.00 часот и трае до 22.00 часот.