Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ако светот е на пауза, музиката не е: Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски ја промовира неговата најнова песна – „Да си моја“ (ВИДЕО)

МК Сцена

Ако светот е на пауза, музиката не е: Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски ја промовира неговата најнова песна – „Да си моја“ (ВИДЕО)

Ако светот е на пауза, музиката не е: Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски ја промовира неговата најнова песна – „Да си моја“ (ВИДЕО)

Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во едни такви услови, музичарите не престанаа со музицирање.

Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. 

Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов материјал со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа – Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман.

Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат,  врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.

– „Долго работевме на оваа песна со Борче и Дејан. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката.

За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“.

– „Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола“ – дополни младиот музичар. 

Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло – пеење опера на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Уживајте во песната и видеото:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.