МК Сцена
Антониа запеа, па се струполи врз танчерката на сцената (ВИДЕО)
Македонската преставничка Антониа Гиговска која се натпреварува во „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“, вчеравечер на првата полуфинална вечер се струполи на сцената.
Антониа Гиговска е единствената Македонка која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“, а вчеравечер пред публиката и жирито се претстави со уште една балада, овој пат француската „Је t’aime“.
Вокалната изведба ги воодушеви членовите на жирито кои на крај само и потврдија дека како овој настап, така и сите претходни, Антониа едноставно е непогрешлива.
Сепак, нејзиниот настап ќе остане запаметен со тоа што за време на изведбата Антониа несакајќи се струполи на сцената врз едно од девојчињата кое танцуваше.
Се надеваме дека и двете се добро!
https://www.youtube.com/watch?v=qRELtiFoIi8