Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Авалон најавија тужба против Град Скопје, но сепак пејачите ќе го имаат финалниот збор

МК Сцена

Авалон најавија тужба против Град Скопје, но сепак пејачите ќе го имаат финалниот збор

Денеска Градот Скопје преку соопштение до јавноста објави дека ја откажува новогодишната прослава на градскиот плоштад во Скопје и ќе ги донира парите во хуманитарни цели, по што на фејсбук се јави сопственикот на Авалон продукција, матична продукција на Каролина Гочева, кој најави тужба против градот.

Подоцна, преку официјално соопштение се обрати и Авалон продукција, кое ви го објавуваме интегрално:

Авалон Продукција беше ангажирана во недостаток на сериозни финансиски средства со коишто досега се ангажираа скапи изведувачи од соседството, да организира дочек на Нова Година со македонси изведувачи, со скромниот буџет кој беше на располагање. 

Под неверојатниот и нереален медиумски притисок, Градот Скопје попушти и одлучи да го откаже традиционалниот дочек на Новата Година на градскиот плоштад, веројатно сметајќи дека нема никаква пречка за тоа, поради фактот што не се ангажирани скапи артисти од соседството, туку македонски изведувачи, а притоа не водејќи сметка за следниве работи:

  1. Дочек на плоштад на Нова Година се организира од хуманитарни причини и на тие дочеци доаѓаат луѓе коишто не можат да си дозволат друг тип на прослава за Новата Година .
  2. Артистите ангажирани за таа Нова Година не се самите пријавени за настап, туку од нив е побарано да настапат на таа манифестација, притоа не водејќи сметка дека со тоа им се одзема можноста таа вечер да работат на некое друго место.
  3. Авалон Продукција  воопшто не беше консултирана за оваа одлука на Град Скопје и повторуваме дека ова немаше да се случи доколку ние за оваа прилика за Градот Скопје ангажиравме некои естрадни ѕвезди од соседството. Сигурно е дека ќе имавме договори во коишто тие ќе беа заштитени и сигурно е дека уште при потпишувањето на договорите ќе беа стандардно уплатени 50 отсто од средствата како што е стандардно вообичаено во овој бизнис.

Кога е во прашање евентуална тужба, за која сопственикот на Авалон Продукција Бобан Милошески пишува на неговиот приватен профил на Фејсбук, нашиот став е дека доколку од нас, од страна на сите ангажирани во овој проект биде побарано некакво обештетување, ние ќе мора да го бараме тоа обештетување од оној од кој што бевме ангажирани, во случајов Град Скопје.

Доколку сите инволвирани во проектот сметаат дека не треба да бидат обештетени, се разбира дека Авалон Продукција нема да го тужи градот Скопје и ова ќе остане запаметено како историски преседан и аматеризам и тотално понижување на тоа што значи македонски артист и тоа што значи професионалност.

Можевме да бидеме повикани на состанок, можевме да бидеме консултирани, можевме сите заедно да организираме дочек за Нова Година и да биде побарано од сите да се откажат од средствата, а не на најаматерски можен начин за нешто што е сепак бизнис, да бидеме известени од медиумите.

Сите што требаше да учествуваат во оваа манифестација се докажани хуманитарци и нема потреба да се докажуваат на ваков начин. Сите во своите екипи кои требаа да настапат на плоштад имаат музичари кои што се ангажирани вечерта и живеат од оваа работа. Така да, споменатата тужба не е ничив хир, туку едноставно е одраз на некаква прагматичност во целава ситуација. – пишува во соопштението од продукцијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.