МК Сцена
„Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“ промовираа авторска песна и приредија незаборавна рокенрол ноќ
Најпознатиот македонски трибјут бенд „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од Стевче Грозданов и Зоран Рудан – Цеки, на 30 јануари во „Интермецо“ во Скопје промовираше прва авторска песна – „Сувенир из Сарајева“.
Песната, создадена од Саша Драгиќ (музика), Владимир Митровиќ (текст) и Стевче Грозданов (аранжман), носи автентичен сараевски рокенрол звук. Видеото го режираше Александар Ристовски Принц, а во него се појавува и актерката Катерина Шехтанска.