МК Сцена
Благоја Грујовски и Јане Рафаиловски ги здружија силите во заеднички бенд
Доајенот на македонската фолк музика Благоја Грујовски и македонскиот виртуоз на саксофон и кларинет Јане Рафаиловски објавија почеток на нивна заедничка соработка. Музичките сили ги здружија во заеднички бенд со кој веќе го реализираа и нивниот прв заеднички проект, музички коктел каде гостуваат Сузана Гавазова и Боби Павловски.
Нивната соработка трае веќе 15 години. Рафаиловски е автор на неколку песни на Благоја како што се “Моја рекa”, “Ој невесте“ и други. Рафаиловски, меѓу другото е актуелен и со својот последен авторски проект,комплетно спакувано музичко и визуелно дело „Превез од сништа“, кој повторно и според квалитетот и според тимот, ги поместува границите на невозможното на македонската музичка сцена.
Покрај Јане и Благоја, во екипата се и Нико Сребров, Тимчо Чичаковски и Дамјан Василевски.