Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Д Фестивал“ заврши со најуспешното издание досега! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МК Сцена

„Д Фестивал“ заврши со најуспешното издание досега! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчера утрото заврши деветтото одлично издание на Д ФЕСТИВАЛ, единствениот летен музички фестивал во земјава кој се одржува во Дојран.

Во повеќе од три дена, започнувајќи од петокот, 12-ти јули, па сѐ до вчера, до осум часот наутро низ фестивалските порти на Д ФЕСТИВАЛ поминаа околу 30.000 посетители кои пристигнаа од 15 земји, остварувајќи го новиот рекорд на Фестивалот со најуспешното издание досега!

Дека ова е најмасовната едиција на Д Фестивал, беше наговестено уште на т.н. нулти ден односно во четвртокот, на 11-ти јули кога традиционално се отвора фестивалскиот камп, а кој годинава заблеска во полн сјај и капацитет и пред официјалниот старт на програмата. Огромниот интерес кој го предизвика Д Фестивал резултираше и со исполнетост на целосниот капацитет на сите бини и зони на фестивалот, кои пак ја донесоа и најобемната програма досега, со шест музички бини и над 20 фестивалски зони за програма која се одвиваше буквално без престан во изминатите три дена.

Само во музичката програма, Д ФЕСТИВАЛ беше домаќин на повеќе од 50 музички ѕвезди, но и на двојно повеќе уметници и перформасни кои пристигнаа со повеќе од 20 здруженија во ПлоштАрт зоната во срцето на фестивалскиот камп.

Имајќи го тоа предвид, годинава е невозможно да се издвои било кој дел од програмата како најпосетен или најатрактивен, бидејќи буквално секој дел од фестивалот беше постојано исполнет до својот максимум, со најпозитивна атмосфера и восхитувачки настапи.

Единствено можеме да го издвоиме целокупното доживување како фантастична тридневна авантура која во славењето на фестивалскиот дух, на уникатен начин ги спојува музичките перформанси, уметностите и креативните индустрии во несекојдневна сплотеност со секој посетител.

This slideshow requires JavaScript.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.