Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Доделени “Супербренд” признанијата на најдобрите македонски компании за 2016 (ФОТО)

МК Сцена

Доделени “Супербренд” признанијата на најдобрите македонски компании за 2016 (ФОТО)

Superbrands како глобален авторитет во областа на брендингот ги додели признанијата за најсилните пазарни марки во Македонија за 2015-та и 2016-та година во среда, 21.12.2016 година, на свечена церемонија.Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат ги круниса со знакот на Superbrands компаниите, организациите и личностите од Македонија во 2009-та година и од тогаш цели кон истакнување на најзначајните карактеристики кои секој бренд треба да ги негува.

– „Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари.“ истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија.

IMG_1255IMG_1254IMG_1253IMG_1251
<
>

На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна.

Саздовски додаде дека публикацијата нуди многу фасцинантни увиди во тоа како поединечни брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес. Сите добитници ќе можат да ја користат публикацијата во маркетинг цели, а истата ќе се достави до сите амбасади, конзулати и различни други претставништва. Над 156 претставништва на Македонија низ светот ќе можат да ги промовираат супербрендовите од Македонија.

Во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Околу 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 28 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој беше изготвен во соработка со водечките маркетиншки компании и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и потрошувачите. Само најпрепознатливите и најдобрите го добија знакот на Superbrand.

7 – ца, Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands.

Најголемата ѕвезда која го доби признанието за Superbrand беше најдобриот македонски и интернационален ракометар, Кире Лазаров.

Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание додатно се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.