Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ед Лакман е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 40. издание на „Браќа Манаки“

МК Сцена

Ед Лакман е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 40. издание на „Браќа Манаки“

Ед Лакман е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 40. издание на „Браќа Манаки“

На денешната прес конференција беше објавено дека американскиот кинематографер Ед Лакман е првиот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на 40 –тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола.

Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмските професионалци рече дека ИФФК „Браќа Манаки“ е најзначајниот проект на ДФРМ и дека четири деценискиот јублеј е навистина импознатна бројка.

„Во годината кога славиме јубилеј на фестивалот, а идната година ќе одбележиме 70 години на ДФРМ, може да кажам дека конечно спласнаа сите оние контрадикторности и антагонизми кои во нашата фела беа присути со децении. Сметам дека за целиот конгломерат на институции, почнувајќи од Агенцијата за филм, која сите нас не’ финнсира, ДФРМ како асоцијација на професионалци, образовните институции, се разбира Кинотеката, без која не би можел да се реализира фестивалот и сите останати помали или поголеми институции поврзани со филмот, тука мислам и на филмската критика, почнуваат да дуваат поволни ветришта и дека македонската кинематографија оди во позитивен правец, таа добива сопствен облик и специфика и слика пред светот, со која ќе се претставува во годините што доаѓаат“, рече Иванов.

Тој се заблагодари на директорката Гена Теодосиевска, на уметничкиот директор Благоја Куновски Доре, на Кинотеката на Македонија, на Вардар филм и на Агенција за филм и на Горјан Тозија за она што го прави за ДФРМ и особено за овој фестивал, како столб на филмската дејност.

Иванов информираше дека и оваа година ДФРМ ќе ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Директорката на фестивалот „браќа Манаки“, Гена Теодосиевска истакна дека подготовките за јубилејното издание се интензивни. Таа се заблагодари на Игор Иванов Изи, Општина Битола, на Центарот за култура од Битола, на „Вардар филм и на Кинотеката на Северна Македонија, чиишто директори присусвуваа на прес конференцијата.

„И додека сите заедно со Иванов и со Благоја Куновски работевме напорно на оваа издание, паралелно работевме и на други наши соработки, веќе ве известивме дека фестивалот ја доби големата награда на Имаго за особени заложби во областа на филмската уметност. Наш претставник презентираше пет кратки македонски филмови на фестивалот за краток филм во Познањ, Полска и претставивме пет млади режисери. Минатата недела во Данскиот филмски институт претставивме македонски играни филмови од помладата генерација наши режисери и затоа мислма дека овој фестивал прераснува во партнер на европските и светските фестивали што беше и нашата мисија – фестивалот да не биде само прикажување филмови, туку да биде оска на поврзување на нашите филмски автори со европските и светските филмски автори“, рече Теодосиевска. Таа информираше дека годинава терминот на фестивалот е поместен порано заради совпаѓањето со фестивалот во Сан Себастијан и можноста повеќе филмски критичари и новинари, особено од регионот, да можат да го проследат „Браќа Манаки“.

На прес кинфоренцијата беше пуштена и видео пораката на Лакман, кој се заблагодари на наградата и рече дека тоа за него значи уште едно поврзување со неговото источно европско потекло. „Во источна Европа ја најдов уметноста, во Америка животот“.

Едвард (Ед) Лакман веќе подолго време бил еден од кандидатите за наградата за животно дело и нов член во клубот на великаните на „Браќа Манаки“, рече Благоја Куновски – Доре. Тој додаде дека името на Лакман е на самиот врв не само на американскиот, туку и на светскиот филм и е вистинско задоволство што тој ја прифати поканата да дојде на фестивалот.

„Лакман со децении е во врвот на американската кинематографија и повеќе пати номиниран за Оскар. Но сега ние со задоволство му го даваме нашиот Оскар, Златната камера 300 за животно дело, којашто тој апсолутно ја заслужува. Имајќи го за нов лауреат на Златната Камера 300 за животен Опус, со инспиративната димензија на неговата неуморна творечка енергија и со сета негова хумана, алтруистичка благородност-во ликот на Ед ЛАКМАН, прославата на 40 Јубилеј на Браќа Манаки, добива најсоодветен чин на воспевање на уметноста на кинематограферите“, рече Куновски.

На прес конференцијата се обрати и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илиевска, која извести дека оваа година особено внимание Центарот ќе посвети на Фестивалот, со оглед на јубилејното издание. Таа кажа дека не ги добиле бараните средстства за посовремена техничка опрема од Министерството за култура, но дека добиле нов агрегат и Центарот ќе одговори на високите критериуми на фестивалот.

Од името на Општина Битола се обрати Евгенија Бекташ Јосифовска која рече фестивалот „Браќа Манаки“ е дел од годишната програма за култура на општина Битола. „И организационо и финансиски фестивалот влегува во нашата програма. Како и секоја година, така и оваа фестивалот го помагаме со сместување на гостите и делумно во печатениот материјал, како и во други организациски работи“, рече Јосифовска, која додаде дека Општина Битола многу се гордее со овој фестивал.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.