МК Сцена
Елена Ристеска го прослави својот 37-ми роденден во круг на блиските и пријателите
Елена Ристеска го прослави својот 37-ми роденден пред неколку дена, а на социјалните мрежи се појавија многу честитки од колеги, соработници и обожаватели.
Сега, откако ги прими сите честитки и емоциите спласнаа, Ристеска се огласи и сама. Таа јавно им се заблагодари на сите за искрените честитки и со малку подолг опис сподели како го прославувала својот роденден низ годините. Од мирни семејни родендени, до родендени во кафе, кафани, покрај базен, на патувања низ светот, пејачката ги поминувала своите родендени во друштво на најблиските, во добра музика и добра атмосфера.
На крајот, Ристеска има само една желба за сите роденденски забави: да ги поминуваме во добро здравје, со добра музика, добро друштво и со среќа, благодарност и задоволство од животот.