Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Елена Ристеска призна: „Размислувам да посвојам дете доколку не најдам идеален партнер во блиска иднина!“

МК Сцена

Елена Ристеска призна: „Размислувам да посвојам дете доколку не најдам идеален партнер во блиска иднина!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во мирување, а неодамна започна сопствен бизнис, односно козметичка линија. Истата го носи името „ЕРА“, а првите два продукти кои што ги лансираше во продажба беа машки и женски парфем. 

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, од каде идејата за „ЕРА“, за музиката, за својот приватен живот…

На прашањето дали смета дека е подобро да бидеш квалитетно сам, отколку во неквалитетна врска го одговори следното: 

„Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако  видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.

Откри и дека сериозно размислува да посвои дете.

„Сите ние на 30 -тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си повојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“,  додава Елена.

Целото интервју погледнете го во видеото во продолжение:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.