МК Сцена
Естрадниот магазин „Бекстејџ“ ќе емитува специјал посветен на Тоше Проески
Тоше Проески не беше само талентиран музичар, туку и позитивна енергија која внесуваше радост во животот на секој кој го познаваше. Неговата љубов кон луѓето и уметноста беа непрекинат извор на инспирација. Тој докажа дека музиката е универзален јазик и дека хуманоста треба да биде секојдневна обврска.
Неговата музика и дело остануваат вечни подароци за сите нас. На денот на неговиот роденден, 25.01, македонскиот естраден магазин „Бекстејџ“ ќе оддаде почит на Тоше со специјална емисија во 17:55 часот. Личности кои имаа соработувано со него и пријатели кои молчеле долго ќе споделат спомени и приказни за нашиот ангел.
Но тоа не е се, велат за роденден се подаруваат подароци овој пат Backstage на сите оние кои што го сакаа и почитуваа ќе им подари нешто што никој досега го нема никој за него направено. Се со цел неговиот лик и дело никогаш да не се заборави, да се испочитува достоинствено и да му се даде благодарност за се она што тој ни го подари нам.