МК Сцена
Eye Cue со преработка на безвременска македонска песна ја изненади публиката (ВИДЕО)
Познатото македонско дуо „Eye Cue“ ги изненади своите обожаватели со нова песна – во вистински уметнички манир, преработија една од најубавите македонски песни создадени во последните триесет години.
Станува збор за песната „Молитва“, која е изведена од страна на Виолета Томовска пред многу години. Песната е дело на авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои во своето портфолио имаат многу познати песни.
Преработката на песната “Молитва” е дело на „Eye Cue“, поточно на Бојан и Марија, додека зад аранжманот стои продуцентот Роберт Билбилов.