Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФЕСТИВАЛ „МОЗАИК“: Домашните ѕвезди на петчасовен концерт во СЦ „Борис Трајковски“

МК Сцена

ФЕСТИВАЛ „МОЗАИК“: Домашните ѕвезди на петчасовен концерт во СЦ „Борис Трајковски“

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“.

На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди. Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист Слаткаристика и неговиот гостин,кралот на ромската музика- Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари- Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера. 

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. Картите се по цени од 150 и 200 денари и веќе се пуштени во продажба на МКТИКЕТС. 

По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово. 

Бидете и вие дел од најдобриот музички мозаик!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.